Македонија ги доби противниците во квалификациите за ЕП за фудбалери до 21 година

26.01.2017 12:13

Македонија ќе игра во Групата 7 во квалификациите за Европското првенство 2019 заедно со селекциите на Србија, Австрија, Русија, Ерменија и Гибралтар.

Фудбалската репрезентација на Македонија ќе игра во Групата 7 во квалификациите за Европското првенство 2019 заедно со селекциите на Србија, Австрија, Русија, Ерменија и Гибралтар.

На денешната ждрепка во седиштето на Европската фудбалска федерација (УЕФА) во Нион, присуствуваа и селекторот на Македонија Благоја Милевски и директорот на репрезентацијата Саша Чириќ.

Тие во текот на денот со претставниците на ривалите од групата ќе се обидат да го одговорот распоредот на натпреварите.

Под водство на Милевски, Македонија во минатиот циклус избори учество на  Европско првенство што оваа година ќе се игра во Полска.