Новиот АјФон може да има технологија за препознавање на лица и движења

26.01.2017 12:22

Во извештајот се наведуваат поедини детали за новиот АјФон на Епл, кој ќе биде претставен во септември. Се наведува еден вид на технологија за препознавање на лица и движења, што овозможува нов ласерски сензор и инфрацрвен сензор блиску до предната камера. Смартфонот конечно треба да поддржува безжично полнење.

Новиот АјФон на Епл може да има еден вид на технологија за препознавање на лица и движења, барем така може да се заклучи според истражувањето кое фирмата Cowen and Company го достави на клиентите.

Во извештајот се наведуваат поедини детали за новиот АјФон на Епл, кој ќе биде претставен во септември. Се наведува еден вид на технологија за препознавање на лица и движења, што овозможува нов ласерски сензор и инфрацрвен сензор блиску до предната камера. Смартфонот конечно треба да поддржува безжично полнење.

Епл ја купи Primesense во 2013 година, компанија која се бави со производство на инфрацрвени сензори, а кои би можеле да бидат клучни за компанијата од Купертино при воведување на проширена стварност за идните модели на АјФон.

Директорот на Епл, Тим Кук јавно зборуваше за интересот за проширување на стварноста неколку пати во текот на минатата година. Епл ја интегрира оваа технологија во камерите на АјФон, а првиот предизвик е препознавање на лица и движења.

Се шпекулира дека Епл во септември ќе претстави три модели на АјФон со екрани од 4,7 и 5,5 инчи, но и нов 5,8-инчен модел. Тој модел ќе има OLED екран кој ќе користи помалку енергија. Ќе има Touch ID сензор под стаклото, како и активен дел од екранот.

Новата генерација на АјФон може да покрене суперциклус за подобрување и иновации.