Французите ќе го бранат мундијалското злато

27.01.2017 11:55

Во првиот полуфинален натпревар на Мундијалот, одигран синоќа во Париз пред 18.000 гледачи „Триколорите“ ја оправдаа улогата на фаворит во дуелот со Словенија и забележаа победа со 31-25 полувреме 15-12.

Ракометарите на Франција обезбедија пласман во финалето на Светското првенство чиј домаќин е оваа земја.

Во првиот полуфинален натпревар на Мундијалот, одигран синоќа во Париз пред 18.000 гледачи „Триколорите“ ја оправдаа улогата на фаворит во дуелот со Словенија и забележаа победа со 31-25 полувреме 15-12.

Ремили со шест гола беше најефикасен во редовите на Франција, но и на натпреварот, Порт постигна пет, а Нарцис и Мае забележаа по 4. Во составот на Словенија најефикасен беше Доленец со 5 погодоци. 

Со тоа Франција во недела ќе има можност да го брани шампионскиот трофеј освоен во Катар пред две години.

Кој ќе биде противник на француската репрезентација во финалниот меч ќе биде познато вечерва по одигрувањето на вториот полуфинален натпревар во кој ќе играат Норвешка и Хрватска.