Корисниците на АјФон сега можат да пратат пораки преку WhatsApp и кога не се онлајн

27.01.2017 11:57

Пораките ќе се чуваат и автоматски ќе се испратат кога сигналот ќе се врати. Корисниците на АјФон треба да ја инсталираат последната верзија на WhatsApp (2.17.1) на своите уреди. На корисниците на Андроид оваа опција им е достапна од претходно.

Корисниците на АјФон повеќе не мора да чекаат да се конектираат пред да пратат порака преку апликацијата WhatsApp, бидејќи новата опција ќе им овозможи да пишуваат пораки и кога се офлајн.

Пораките ќе се чуваат и автоматски ќе се испратат кога сигналот ќе се врати. Корисниците на АјФон треба да ја инсталираат последната верзија на WhatsApp (2.17.1) на своите уреди. На корисниците на Андроид оваа опција им е достапна од претходно.

Со новата надоградба овозможено е и праќање до 30 фотографии и видеа во исто време. Порано оваа опција беше ограничена на 10 фотографии.

Во последните неколку месеци WhatsApp направи неколку подобрувања на своите услуги.

Пораките можат да се избришат пред да ги прочита примачот, а воведена е и опција на видео повик кој е целосно заштитен, т.е. енкриптиран, па разговорите не можат да се прислушкуваат.