Радио станица во Тексас забрани пуштање песни на Мадона

27.01.2017 11:59

Забрана за пуштање песни на Мадона на станицата Hits 015 не е прашање на политика, туку патриотизам. Кога сите станици би се угледале на нашата, тоа би била силна финансиска порака до поп ѕвездата, објави директорот на радио станицата Тери Томас на Фејсбук.

Радио станицата Texarkana Hits 105 од Тексас, забрани емитување песни на Мадона поради нејзината изјава за американскиот претседател Доналд Трамп.

Забрана за пуштање песни на Мадона на станицата Hits 015 не е прашање на политика, туку патриотизам. Кога сите станици би се угледале на нашата, тоа би била силна финансиска порака до поп ѕвездата, објави директорот на радио станицата Тери Томас  на Фејсбук.

Мадона пред неколку дена на женскиот марш во Вашингтон зборуваше  дека размислува за разнесување на Белата куќа во воздух, што предизвика остри реакции од сите страни.

Јас навистина размислував дали да ја разнесам Белата куќа во воздух, рече поп ѕвездата во знак на протест на Доналд Трамп.