Кирил Лазаров најдобар стрелец на Светското првенство во Франција

29.01.2017 21:01

За Лазаров ова e третпат да биде прогласен за најдобар стрелец на шампионат, откако тоа му успеа на СП 2009 година во Хрватска кога постигна 92 гола (рекорд на шампионатите) и на ЕП 2012 година кога постигна 61 гол.

Капитенот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров е најдобар стрелец на Светското првенство во Франција. Лазаров на шест натпревари постигна 50 голови, додека како втор со 47 голови заврши Серхио Лопес од Ангола, а третото место со по 45 голови го поделија Амине Банур од Тунис и Кристијан Бјорнсен од Норвешка.

За Лазаров ова e третпат да биде прогласен за најдобар стрелец на шампионат, откако тоа му успеа на СП 2009 година во Хрватска кога постигна 92 гола (рекорд на шампионатите) и на ЕП 2012 година кога постигна 61 гол.

Во идеалниот тим на првенството се наоѓаат:

Голман: Винсен Жерар (Франција)

Лево крило: Џери Толбринг (Шведска)

Лев бек: Сандер Сагосен (Норвешка)

Среден бек: Домагој Дувњак (Хрватска)

Десен бек: Недим Ремили (Франција)

Десно крило: Кристијан Бјорнсен (Норвешка)

Кружен напаѓач: Бјарте Мирхол (Норвешка).

Признанието МВП (најкорисен на шампионатот) му припадна на Никола Карабатиќ од Франција.