Срцето страда поради ниските температури

31.01.2017 10:47

Студеното време исто така може да предизвика и дехидрација, при што се зголемува вискозноста на крвта и срцето мора понапорно да работи.

Кога времето е студено, нашиот организам ја концентрира целата енергија со цел да ја одржи темературата на телото на 37 степени.

Меѓутоа, за тоа да биде возможно, срцето мора да чука побрзо, а при тоа се зголемуваат и потребите на срцевиот мускул за кислород.

Студеното време исто така може да предизвика и дехидрација, при што се зголемува вискозноста на крвта и срцето мора понапорно да работи.

Кардиолозите препорачуваат правила исхрана, редовни физички активности и седење во загреана просторија при ладно време.

За лицата кои имаат кардиоваскуларни заболувања се препорачува особена грижа, како заштита од ниските температури и редовно примање терапија, бидејќи во зимскиот период се зголемени ризиците за инфаркти.