Нови авиолинии, расте бројот на превезени патници

06.02.2017 17:30

Со „Катар Ервејс“ од јули директен лет од Скопје за Доха. Минатата година рекордни 1,8 милиони патници поминале низ двата македонски аеродрома...

Директен лет од Скопје до Доха. Од јули „Катар Ервејс“ ќе ја поврзе Македонија со Блискиот Исток. Авиокомпанијата ги почнала  процедурите за обезбедување на потребните дозволи- информираат од Министерството за транспорт и врски. „ТАВ Македонија“ преговара и со германската нискобуџетска компанија „Еуровингс“ за нови авиолинии кон Минхен и Дизелдорф.

Сузана Фиданска- Стоевска разговара со министерот за транспорт, Владо Мисајловски.

Разговорот може да го погледнете на следниот ЛИНК