ПРОДОЛЖЕН ЈАВЕН ПОВИК (ДО 22 ФЕВРУАРИ 2017 ГОДИНА) ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА КАНДИДАТИ ЗА СОСТАВУВАЊЕ НА ЛИСТА ОД КОЈА СЕ ИЗБИРААТ ЧЛЕНОВИ НА КОМИСИЈА ЗА ИЗБОР НА НОВИ КОМПОЗИЦИИ СОГЛАСНО ЗАКОНОТ ЗА ПОДДРШКА НА ДОМАШНАТА МУЗИЧКА ПРОДУКЦИЈА

07.02.2017 11:21

Согласно законот за поддршка на домашната музичка продукција (Службен весник на РМ бр.119/2013) кој започнува со примена од јануари 2014 година до 31 декември 2023 година, а со цел за потикнување на развојот на домашната забавна и народна музика, Јавното радиодифузно претпријатие Македонска Радиотелевизија со средства од Буџетот на Република Македонија, а по пат на Конкурс секоја година ќе финансира создавање на 200 нови композиции, од кои 150 од областа на забавната и народната музика и 50 детски композиции.

Врз основа на член 15 од Законот за поддршка на домашната музичка продукција (Службен весник на РМ бр.110/2013), Јавното радиодифузно претпријатие Македонска Радиотелевизија објавува јавен повик за пријавување накандидати за составување на листа од која се избираат членови на комисија кои ќе учествуваат во постапката за одлучување по конкурсот.

Право на пријавување за членови на листата од која се избира комисијата, имаат:

Автори- да имаат создадено како автор на музика, односно автор на текст, односно автор на аранжман, најмалку 20 композиции, односно текстови, односно аранжмани;

Изведувачи- да имаат издадено најмалку 10 сингла;

Продуценти на аудиозапис, односно продуценти на видеозапис- да имаат прдуцирано, најмалку 2 албума, односно продуцирано најмалку 20 видеозаписи;

Музички уредници- да имаат работно искуство како музички уредник во радиодифузна организација од најмалку пет години.

Кандидатите за членови налистата се избираат по принцип на бодирање и предност има кандидатот кој остварил поголем број на бодови, врз основа на Правилник за начин на бодирање и вршење на избор на членови на листата донесен од управниот одбор на ЈРП МРТ.

По завршување на рокот за пријавување, работоводниот орган на Јавното радиодифузно претпријатие Македонска Радиотелевизија ќе изготви листа од 50 лица: автори на музички дела (музика, текст и аранжман), изведувачи, продуценти на видео запис и музички уредници во радиодифузни организации од која послучаен избор (лотариски систем) се избираат членовите на комисијата која ќе учествува во постапката за одлучување по конкурсот.

Законот има за цел поттикнување на развојот на домашната забавна и народна музика, композиции наменети за децата, композиции со кои се афирмираат семејните вредности и историјата наМакедонија.

Пријавите за учество во листата од која се избираат членови на комисија кои ќе учествуваат во постапката за одлучување по конкурсот задолжително содржат:

основни податоци за лицето кое се пријавува, точна адреса и контакт телефон, како и кус преглед на досегашното сопствено творештво.

 

Пријавите се доставуваат или испраќаат на адреса:

Македонска Радиотелевизија

Бул. ГоцеДелчев бб 1.000 Скопје

(со назнака)- „Пријава за учество на листа од која се избираат членови на Комисија кои ќе учествуваат во постапката за одлучување по конкурсот“

 

Јавниот повик е продолжен и трае до 22 февруари 2017 година.

 

Повеќе информации на www.mrt.com.mk