Новитет на Вајбер - доверливи пораки

07.02.2017 13:45

По фотографирањето или снимањето, во горниот десен или долниот лев агол ќе се појави икона во облик на пречкртан часовник, што ја означува пораката како „доверлива“ и ни нуди да го одредиме нејзиното времетраење.

Снепчет пред неколку години прв ги промовираше пораките што се бришат само неколку секунди по примањето, така што испраќачот со сигурност знае дека таа порака, видео или фотографија ќе ја види само една личност - онаа кон кого е испратена.

Слична опција сега нуди и Вајбер. По фотографирањето или снимањето, во горниот десен или долниот лев агол ќе се појави икона во облик на пречкртан часовник, што ја означува пораката како „доверлива“ и ни нуди да го одредиме нејзиното времетраење.

По прегледот, таа може да се избрише по една, три или седум секунди, изборот е наш.