Прекумерната употреба на парацетамол може да биде фатална за црниот дроб

08.02.2017 11:02

Студијата, што ја изработиле истражувачи од универзитетите во Единбург и Осло и шкотската Служба за трансфузија, покажува дека овој аналгетик предизвикува оштетувања на црниот дроб на ниво на цироза и хепатитис.

Парацетамолот е најпопуларна таблета против болки во светот и е достапен во многу комбинации. Тој се користи за намалување на температурата и за отстранување на симптоми на настинка и грип.
 
Сепак, бидете внимателни, бидејќи една нова студија покажува дека прекумерното конзумирање на парацетамол може да биде фатално за функцијата на црниот дроб. 
 
Парацетамолот почнал да се продава во 1955 година како лек за температура и болки кај децата, а станал многу популарен благодарение на тоа што нема значајни нуспојави.
 
Студијата, што ја изработиле истражувачи од универзитетите во Единбург и Осло и шкотската Служба за трансфузија, покажува дека овој аналгетик предизвикува оштетувања на црниот дроб на ниво на цироза и хепатитис.
 
Тие сметаат дека прекумерната употреба на овој лек е главна причина за акутно затајување на црниот дроб во западниот свет.
 
Научниците го проучувале влијанието на парацетамолот врз клетките на црниот дроб. Откриле дека прекумерната употреба на парацетамолот може да ги оштети виталните структурни врски меѓу соседните клетки во ткивото на црниот дроб.
 
Кога тие врски ќе се нарушат, кои инаку се цврсти, структурата на црниот дроб се оштетува и тој не може нормално да функционира. Тој вид на оштетување вклучува хепатитис, цироза и карцином, а до сега не било поврзано со токсичноста на парацетамолот.
 
На многу луѓе во светот парацетамолот им е прв избор, бидејќи е евтин и ефекасен. Меѓутоа, оштетувањето на црниот дроб предизвикано од лекови е важен клинички проблем и предизвик за развојот на безбедните лекови. Резултатот на нашата студија ја јакне потребата за разумна употреба на парацетамолот и може да помогне да откриеме како да ги спречиме штетите предизвикани од неговото користење, вели Леонард Нелсон, еден од авторите на студијата.
 
Луѓето често многу лесно посегнуваат ои парацетамол и мислат дека не е проблем ако земат неколку таблети повеќе од препорачаната доза на ден. Следниот пат кога сакате да испиете парацетамол добро размислете.