Продолжуваат возбудувањата во фудбалската Лига на шампиони

14.02.2017 11:22

Парижаните сакаат реванш, бидејќи претходните две пресметки (2013 и 2014 година) со Барселона во нокаут фазата ги загубија. Натпреварот го дочекуваат во одлична форма и 11 победи во последните 12 натпревари.

По двомесечна пауза вечер продолжуваат натпреварите од фудбалската Лига на шампиони. Во Париз францускиот првак ПСЖ е домаќин на Барселона, додека во Лисабон Бенфика ја пречекува Борусија Дортмунд.
 
Парижаните сакаат реванш, бидејќи претходните две пресметки (2013 и 2014 година) со Барселона во нокаут фазата ги загубија. Натпреварот го дочекуваат во одлична форма и 11 победи во последните 12 натпревари.
 
Анхел Ди Марија напаѓачот на ПСЖ верува дека е дојдено време неговиот тим да ги елиминира Каталонците.
 
Редно е да ја поминеме Барселона. Нова пресметка, нови играчи, се надевам и на нов исход за разлика од минатите години, рече Ди Марија.
 
И Барселона во овој дуел влегува во одлична форма по 6:0 остварени над Алавес минатиот викенд во Приемра.
 
Интересен меч се очекува и во Португалија. Мала предност се дава на Борусија Дортмунд поради добрите настапи сезонава во елитното натпреварување, за разлика од Бундеслигата каде игра променливо.
 
Натпреварите ПСЖ – Барселона и Бенфика – Борусија Дортмунд почнуваат во 20 часот и 45 минути.