АБА шампионот Црвена звезда гостува во Скопје

14.02.2017 11:26

Останатите натпревари од ова коло ќе се играат во периодот од 20 до 24 февруари. Македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром на 21 февруари ќе гостува кај ФМП.

Актуелниот шампион на регионалната кошаркарска АБА лига, Црвена звезда попладнево гостува во Скопје кај Карпош Соколи. Со овој дуел кој ќе се игра во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток од 18 часот, ќе биде отворена 23.рунда.
 
Останатите натпревари од ова коло ќе се играат во периодот од 20 до 24 февруари. Македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром на 21 февруари ќе гостува кај ФМП. 
 
Другите двојки се:
Цибона – Цедевита,
Морнар – Мега Лекс,
Унион Олимпија – Будуќност,
Игокеа – Крка и 
Партизан – Задар.
 
Табела: Црвена звезда 21-1 (победи-порази), Цедевита 16-6, Будуќност 16-6, Партизан 16-6,  Цибона 11-11, Игокеа 10-12, Олимпија 9-13, ФМП 9-13, Карпош Соколи 9-13, Мега Лекс 8-14, МЗТ Скопје Аеродром 8-14, Морнар 7-15, Крка 7-15 и Задар 7-15.