ПСЖ убедлив во првото осминафинале против Барселона во ЛШ

15.02.2017 10:37

Стрелец на два гола беше Анхел Ди Марија во 18 и 55.минута, а другите два гола ги постигнаа новото засилување Јулијан Дракслер во 40.минута и Единсон Кавани во 72.минута.

Екипата на ПСЖ постигна убедлива победа на првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите против Барселона. Синоќа пред своите навивачи ПСЖ оствари сигурна предност од 4:0 во пресрет на реваншот.

Стрелец на два гола беше Анхел Ди Марија во 18 и 55.минута, а другите два гола ги постигнаа новото засилување Јулијан Дракслер во 40.минута и Единсон Кавани во 72.минута.

На вториот натпревар одигран синоќа Бенфика ја победи Борусија Дортмунд со 1:0. Стрелец на единствениот гол беше Костас Митроглу во 48.минута.

Гостите од Дортмунд преку Пиер - Емерик Обамејанг во 58.минута не реализираа пенал бидејќи голманот на Бенфика Едерсон успеа да го одбрани ударот од белата точка.

Вечерва се играат два натпревара од 1/8 финалето:
Баерн – Арсенал и
Реал Мадрид – Наполи.