Убедливи победи на Баерн и Реал во првите осминафинални натпревари од ЛШ

16.02.2017 11:20

Баерн Минхен и Реал Мадрид синоќа остварија убедливи победи против Арсенал, односно Наполи во првите осминафинални натпревари во фудбалската Лига на шампиони.

Екипите на Баерн Минхен и на Реал Мадрид синоќа остварија убедливи победи против Арсенал, односно Наполи во првите осминафинални натпревари во фудбалската Лига на шампиони.

На дуелот во Минхен, германскиот првак со 5:1 го совлада Арсенал, иако на полувремето резултатот беше израмнет 1:1.

Головите за Баварците ги постигнаа: Ариен Робен (11.минута), Роберт Левандовски (53), Тиаго Алкантара (56 и 63) и Томас Милер (88), додека Алексис Санчес беше стрелец на почесниот го, за Арсенал (30).

Сличен тек имаше и натпреварот во Мадрид, каде Наполи преку Лоренцо Инсиње поведе во 8.минута, а десет минути подоцна (18) израмни  Карим Бензема. Во вториот дел за само пет минути Реал обезбеди голема предност преку Тони Крос (49) и Каземиро (54) за конечен резултат Реал – Наполи 3:1.

Во вторникот беа одиграни првите две средби во кои победи остварија домаќините:
ПСЖ - Барселона со 4:0,
Бенфика – Борусија Дортмунд 1:0.

Реванш натпреварите од овие четири пара ќе се играат на 7 и 8 март, додека на 21 и 22 февруари на програмата се првите средби од дуелите меѓу: Баер Леверкузен - Атлетико Мадрид, Манчестер Сити – Монако (21 февруари), Севиља – Лестер и Порто – Јувентус (22 февруари).