Хранливи вредности со кои изобилува црното чоколадо

17.02.2017 11:17

Во 100 грамови црно чоколадо со 70 проценти какао има околу 570 калории, 9 грама протеин, 33 грама јаглехидрати, 42 грама масти и дури 12 грама влакна.

Се повеќе истражувања ги потврдуваат позитивните ефекти на црното чоколадо за здравјето и го отстрануваат од листата на „забранети“ намириници.

Во 100 грамови црно чоколадо со 70 проценти какао има околу 570 калории, 9 грама протеин, 33 грама јаглехидрати, 42 грама масти и дури 12 грама влакна.

Чоколадото е богато со минерали како што се магнезиумот (200 милиграми во 100 грама чоколадо), железо (11 милиграми во 100 грама чоколадо), калиум (околу 700 милиграми во 100 граа чоколадо), фосфор и манган, а содржи и мала количина на витамин Б-комплекс.

Бидејќи е многу калорично, црното чоколадо треба да се конзумира во мали количини - најдобро 10 до 30 грама дневно.