„Гучи“ не доби дозвола за организирање модна ревија на Акропол

17.02.2017 11:22

Министерката за култура, Лидија Кониорду за грчката државна телевизија ијзави дека барањето е одбиено по препорака на група експерти од ресорното Министерство, додавајќи дека таа целосно се согласува со таквата одлука.

Министерството за култура на Грција го одби барањето на италијанскиот моден гигант „Гучи“, кој сакаше во текот на летото да организира модна ревија на атинскиот Акропол.

Министерката за култура, Лидија Кониорду за грчката државна телевизија ијзави дека барањето е одбиено по препорака на група експерти од ресорното Министерство, додавајќи дека таа целосно се согласува со таквата одлука.

Наша должност е да го заштитуваме Акропол како глобален симбол на демократијате и слобода, рече грчката министерка.

Акропол се наоѓа на листата на Светско културно наследство на УНЕСКО.

Грција досеха во принцио ги одбиваше барањата за комерцијална уптрба на античките споменици. Така, на пејачката Џенифер Лопез во 2008 година не и беше дозволено на направи фото сесија на Акропол.

Еден од ретките илмови каде можат да се видат автентични снимки од тој локалитет „Тhe Two Faces of January“ од 2014 година, каде главните улоги ги толкуваат Виго Мортенсен и Кирстен Данст.