53-та Минхенска безбедносна конференција

17.02.2017 15:11

На конференција, со која ќе претседава Волфганг Ишингер, ќе учествуваат министри за надворешни работи, министри за одбрана и пратеници на парламенти. Меѓу нив и германската канцеларка Ангела Меркел, американскиот потпретседател Мајк Пенс. На конференцијата ќе учествува и заменик-претседателот на Владата на Република Македонија и министер за надворешни работи Никола Попоски.

Во Минхен денеска почнува безбедносна конференција во време на неизвесна иднина на трансатлантските односи по стапувањето должност на американскиот претседател Трамп. На 53-тата Конференција за безбедност која ќе трае до 19-ти февруари, повеќе од 500 политичари ќе разговараат за актуелните безбедносни предизвици, вклучувајќи го и јакнењето на нелибералните трендови низ светот.

На конференција, со која ќе претседава Волфганг Ишингер, ќе учествуваат министри за надворешни работи, министри за одбрана и пратеници на парламенти. Меѓу нив и германската канцеларка Ангела Меркел, американскиот потпретседател Мајк Пенс, Генералниот секретар на Обединетите Нации, Антонио Гутереш, како и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

Во фокусот ќе бидат иднината на трансатлантските односи по претседателските избори во САД, европската безбедносна соработка и одбрана, односите со Русија, војната во Сирија, политичко - безбедносната ситуација во Азија и Пацификот, како и предизвиците од мигрантската криза и радикализацијата. Во пресрет на конференцијата, претседавачот Ишингер ги изрази своите очекувања.

Трамп негативно зборуваше за Европа. Таквите изјави се целосно неприфатливи за нас. Мислам дека денеска е денот кога ќе почнеме сериозно заедно да зборуваме, а не само едни против други“, изјави Волфганг Ишингер, претседавач на Безбедносната конференција во Минхен.

На конференцијата ќе учествува и заменик-претседателот на Владата на Република Македонија и министер за надворешни работи Никола Попоски. Се очекува да оствари повеќе средби со колегите од земјите-членки и партнери на НАТО.

 

Марина Автовска