Метео: За викендот променливо облачно со повремен дожд

17.02.2017 15:21

Утре во попладневните часови ќе настапи зголемено наоблачување кое на места ќе донесе врнежи од дожд особено во западните и северозападните делови.

Во текот на викендот во Македонија се очекува променливо облачно време. Утре во попладневните часови ќе настапи зголемено наоблачување кое на места ќе донесе врнежи од дожд особено во западните и северозападните делови.

На повисоките планини се можни врнежи од снег. Во недела облачноста ќе се зголеми, врнежите ќе продолжат, а во делови од земјата ќе бидат со умерен интензитет- до 10 литри на метар квадратен.

Од понеделник попладне се очекува постепено стабилизирање на времето.

Гледајте МЕТЕО со Наташа Алексоска