Евзони отворен за сообраќај, превозниците се враќаат на старата рута

17.02.2017 16:26

Транспортерите и компаниите можат да здивнат. Штрајкот на грчките земјоделци е прекинат, кренати се блокадите. Граничниот премин Евзони- Богородица е повторно отворен за секаков вид сообраќај. Превозниците полека се враќаат на старата рута, која е најевтина и најбрза...

Грчките земјоделци го прекинаа штрајкот, барам засега. По средбата со властите во Атина не се најде решение за нивниот проблем, но и покрај тоа, блокадата на граничниот премин кон Македонија е прекината. Евзони- Богородица е отворен за секаков вид сообраќај, транспортерите постепено се враќаат на најефикасната рута.

Граничниот премин беше под блокада од 30-ти јануари, што им предизвика проблеми и на транспортерите и на компаниите од земјава.

Првиот човек на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, вели дека допрвин ќе се сумираат штетите во трите сектори: за увозот на стока од Солунското пристаниште,  за увозот на нафта и со леснорасипливите производи кои беа транспортирани низ помалите премини.

Бизнисмените деновиве интензивно апелираа да се прекине блокадата, а и македонското МНР испрати протестна нота до Грција.

 

Ана Јосифоска- Тодоровска