Игран филм

НЕРАЗУМЕН ЧОВЕК

Сабота (15.07.2017) 23:15

САД, 2015

Режија и сценарио: Вуди Ален
Улоги: Хоакин Феникс, Ема Стоун, Паркер Поузи
Жанр: мистерија/драма

Нов филм на генијалниот оскаровец Вуди Ален, неговата прва соработка со Хоакин Феникс, и втората, со Ема Стоун. Кога доживува емоционална криза, еден извонреден професор кој повеќе им верува на животните лекции отколку на теориското знаење, ја прифаќа работата на еден мал колеџ. Наскоро ќе „се сплетка” со една студентка и со една професорка, а еден егзистенцијален проблем ќе му го преврти животот наопаку и ќе го натера да го гледа животот со други очи.