Запад го победи Исток во меч со рекорден број поени

20.02.2017 11:26

66-от дуел на ѕвездите од НБА лигата го одбележа Ентони Дејвис кој постигна 52 поени. Центарот на Њу Орлеанс го доби признанието за најкорисен играч – МВП.

Во „Ол стар“ меч со најмногу поени во историјата, тимот на Западот ноќеска го совлада составот на Истокот со резултат 192:182. Постигнатите 374 поени се за пет повеќе од минатогодишниот рекорд кој изнесуваше 369 поени.

66-от дуел на ѕвездите од НБА лигата го одбележа Ентони Дејвис кој постигна 52 поени. Центарот на Њу Орлеанс го доби признанието за најкорисен играч – МВП.

Во победата на Западот голем удел имаше и Раел Вестбрук со 41 поен, додека Кеви Дурант оствари „трипл- дабл“ ефект – 21 поен, 10 скокови и 10 асистенции.

Најефикасен во тимот на Исток беше Џанис Антетокунмпо со 30 поени. Леброн Џејмс имаше 23 поени, а Кајри Ирвинг 22.

Воедно, Џејмс стана првиот играч во историјата на „Ол-стар“ натпреварите кој ја минал границата од 300 поени.

За селекцијата од Западната Конференција ова беше трета последователна победа, шеста во последните седум дуели и вкупно 29 на „Ол-стар“ мечевите, додека Истокот се уште е поуспешен со 37 победи.