ЖРК Вардар е најдобро рангиран тим во Европа

22.02.2017 15:21

ЖРК Вардар, кој сезонава нема пораз во Лигата на шампионите, според стручните лица, е главен претендент за шампионскиот трофеј во елитното натпревраување.

Македонскиот ракометен првак во женска конкуренција ЖРК Вардар е на врвот на ранг листата на ЕХФ, според гласање на ракометните експерти во Европа.

ЖРК Вардар, кој сезонава нема пораз во Лигата на шампионите, според стручните лица, е главен претендент за шампионскиот трофеј во елитното натпревраување.

Природно е дека единствениот тим без пораз оваа сезона е на врвот на ранг листата. Заедно со Ференцварош, македонскиот тим е единствениот кој победи на сите мечеви во главната групна фаза. Во минатото коло го преживеаа гостувањето кај Турингер, но нивната неверојатната игра во одбрана и длабочината во составот е се уште доволна за да бидат главни фаворити за освојување на титулата оваа сезона. Во последните три меча два пати се домаќини, против Будуќност и Турингер и сигурно тоа им ги зголемува шансите да завршат на првото место во групата, пишува меѓу другото за ЖРК Вардар, во текстот објавен на официјалниот веб сајт на ЕХФ.

Зад македонскиот шампион на ЕХФ ранкингот се двете унгарски екипи, Ференцварош и Ѓер, по кои во „Топ 10“ следуваат: Ларвик, Букурешт, Митјиланд, Мец, Будуќност, Турингер и Есбјерг.

До крајот на главната групна фаза црвено-црните имаат да одиграат уште три натпревари, по што следуваат мечевите од четвртфиналето, а потоа и завршниот „Фајнл-фор“ турнир во мај во Будимпешта.

Следниот натпревар македонскиот шампион Вардар ќе го игра во недела со почеток од 17:30 часот, кога во СЦ „Јане Сандански“ ќе гостува големиот ривал Будуќност.