Очекуваниот животен век за прв пат ќе биде над 90 години

23.02.2017 15:13

Студијата предвидува дека луѓето ќе живеат подолго од 2030 година и дека разликата во животниот век меѓу жените и мажите ќе почне да се намалува во се повеќе земји.

Јужнокорејките ќе бидат први жени во светот чиј очекуван животен век ќе биде над 90 години, покажа една студија. 

Кралскиот колеџ во Лондон и Светската здравствена организација го анализирала животниот век во 35 индустриски развиени земји.

Студијата предвидува дека луѓето ќе живеат подолго од 2030 година и дека разликата во животниот век меѓу жените и мажите ќе почне да се намалува во се повеќе земји.

Истражувачите тврдат дека таквите трендови претставуваат голем предизвик за пензиските системи и за грижата на старите луѓе.

Јужна Кореја направи многу исправни работи. Изгледа дека тоа е многу порамноправно општество кое работи за доброто на луѓето на полето на образованието и прехранбените навики. Тие до сега подобро од останатите се бавеле со хипертензијата и имаат една на најниските стапки на дебелина во светот – изјави проф. Мајид Еззати за Би-Би-Си.

Податоците исто така покажуваат дека Јапонија, некогаш пример за долговечност, ќе падне во глобалното рангирање за очекуваниот животен век. Моментално има највисок очекуван животен век за жените, но ќе ја надминат Јужна Кореја и Франција, покажува студијата. Очекуваниот животен век на мажите ќе падне од четвртото на единаесето место во земјите во кои студијата е спроведена.

САД исто така лошо стои во студијата и на пат се да имаат најнизок очекуван животен век меѓу богатите земји до 2030 година.

Студијата предвидува просечна возраст од 80 години за мажите и 83 за жените, од прилика исто како и во земјите со среден стандард како што се Мексико и Хрватска.

Резултатите од студијата беа објавени во медицинскиот магазин Lancet.