УЕФА Европа лига (1/16-финале - реванши)

Стартни 1:0 за Фиорентина против Борусија Менхенгладбах

23.02.2017 16:40

И двете екипи се во иста форма, три победи и по нерешено и пораз. Вилетовите дома загубиле само двапати во 26 меча, сезонава од ПАОК и лани во италијанското превенство од Јувентус. Откако во декември, Хекинг на клупата го замени Шуберт, Борусија нема пораз на четирите гостувања, а на три не прими гол.

Гостинската победа од 1:0, со слободниот удар на Бернардески во 44-та минута и овозможува стартна предност на Фиорентина, но Борусија се надева дека пропуштеното во добрата игра во Менхенгладбах ќе и се врати со позитивен резултат на Артемио Франки. 

И двете екипи се во иста форма, три победи и по нерешено и пораз. Вилетовите дома загубиле само двапати во 26 меча, сезонава од ПАОК и лани во италијанското превенство од Јувентус. Откако во декември, Хекинг на клупата го замени Шуберт, Борусија нема пораз на четирите гостувања, а на три не прими гол.

Фиорентина ќе биде комплетна, по суспензијата ќе се врати Кијеза кој е во конкуренција за втората офанзивна позизиција зад напаѓачот Калиниќ заедно со Валеро, Иличиќ и со Сапонара. За Бернардески и овојпат најверојатно ќе има место во стартниот состав.  „Сметам дека екипата којашто ќе биде подобра има големи шанси да стигне до финалето, а ние сме подготвени. Знаеме колку ни значи нам и на нашите навивачи овој натпревар. Публиката ќе ни даде 20 - 30 проценти повеќе шанси против тимот којшто е формиран да игра во Лигата на шампионите. Знаеме што ни е потребно, а тоа се одлучност, позитивен став и концентрација“, изјави стратегот на Виола, Португалецот Соуса.

Борусија веќе се навикна да игра без повредените Дукур, Траоре, Шулц и Коло, се опорави офанзивецот Рафаел. Сепак, Бразилецот кој во Лигата на шампионите сезонава постигна пет гола многу веројатно ќе чека шанса од клупата. Во формацијата 4-4-2, којашто ја форсира новиот тренер, Хекинг иако не се класични напаѓачи играат Азар и Штиндл.

„Сега шансите не се 50:50, но не го загубивме оптимизмот. Во Менхенгладбах создадовме многу шанси и сакаме тоа да го направиме и во Фиренца. Клучна ќе биде ефикасноста, имаме самодовреба и ќе дадеме се од себе да го свртиме крајниот резултат во наша корист“, изјави германскиот стручњак, Хекинг.

Одамна овие два клуба не биле важен фактор во Европа иако имаат по едно финале и во Купот на шампионите. Фиорентина има трофеј од некогашниот Куп на куповите и финале во истиот како и во Купот на УЕФА. Борусија, пак, кога во 70-те години заедно со Баерн доминираше во германскиот и во европскиот фудбал, двапати го освојуваше претходникот на Европа лигата, Купот на УЕФА.

Преносот од реванш – шеснаестинафиналето, Фиорентина - Борусија Менхенгладбах ќе биде на МТВ1 во 21 часот и 5 минути.

Вчера пласман во осминафиналето обезбедија, Шалке којшто со ПАОК одигра 1:1 откако во Солун славеше со 3:0, Манчестер Јунајтед којшто и како гостин беше подобар од Нант со 1:0, по домашните 3:0 и Краснодар којшт во Истанбул извлече 1:1 по победата во Русија против Фенербахче со 1:0.

Во денешните дуели, покрај Фиорентина - Борусија М. (1:0) ќе играат и:

Османлиспорт - Олимпијакос (0:0)

Ајакс - Легија            (0:0)

АПОЕЛ - Атлетик Б. (3:2)

Рома - Вилјареал (4:0)

Бешикташ - Хапоел Б.Ш. (3:1)

Зенит - Андерлехт (0:2)

Копенхаген - Лудогроец (2:1)

Генк - Астра (2:2)

Лион - АЗ Алкар (4:1)

Шахтјор - Селта (1:0)

Спарта П. - Ростов (0:4)

Тотенхем - Гент (0:1)

Напомена: во заградите се резултатите од првите натпревари.