Игран филм

ЧЕВЛАР

Четврток (13.07.2017) 20:15

САД, 2014

Режија: Томас Макарти
Улоги: Адам Сендлер, Дастин Хофман, Стив Бушеми, Ден Стивенс
Жанр: драма/ комедија/ фантазија

Еден обичен чевлар одеднаш открива волшебна дарба која ќе му го смени животот. Макс поправа чевли во семејниот дуќан во Њујорк, живее просечно и е разочаран од секојдневието. Еден ден открива волшебна машина за шиење која му овозможува да „влезе” во кожата на своите муштерии, т.е. да оди во нивните чевли. Макс станува друг човек и го гледа светот во многу поинаква светлина.