Игран филм

ПРИНЦОТ

Недела (22.04.2018) 21:15

САД, 2014

Режија: Брајан Милер
Улоги: Џејсон Патрик, Брус Вилис, Џон Кјузак
Жанр:  акција/ трилер

Еден пензиониран мафијашки платеник се враќа во Лас Вегас откако исчезнува неговата ќерка. По киднапирањето на ќерка му животот на некогашниот убиец  се менува преку ноќ, и за да го реши случајот, мора да му „се врати” на некогашниот начин на живот. Во мафијашката средина, каде што се работи по принципот „око за око, заб за заб”, тој е познат како Принц, но за да ја спаси ќерката мора да се соочи со својот најголем ривал со кого поминал бурно минато.