Игран филм

ТАЈНАТА ВО НЕЈЗИНИТЕ ОЧИ

Недела (16.07.2017) 20:15

САД, 2015 

Режија:  Били Реј
Улоги: Чуител Еџиофор, Никол Кидман, Џулија Робертс, Алфред Молина
Жанр: драма/ трилер

Свирепо и необјасниво убиство на една тинејџерка силно ќе го погоди успешниот тим на истражители, особено што станува збор за ќерката на еден од истражителите. Тринаесет години подоцна, по секојдневната потрага по убиецот, екипата пронаоѓа нова трага која може да го стави злосторникот зад решетки. Но, никој не е подготвен на шокантната и необјаснива тајна која ќе открие длабоко деструктивни елементи на лична одмазда на еден човек.
Филмот е римејк на истоимениот аргентински филм од 2009, кој освои Оскар за најдобар филм од неанглиско говорно подрачје.