„СпејсИкс“ организира седумдневно патување околу месечината за двајца туристи

28.02.2017 11:46

Авантуристите, чиишто имиња не се објавени, веќе уплатиле солидни депозити за вселенската тура.

Компанијата „СпејсИкс“ планира да прати двајца туристи на седумдневно патување околу Месечината идната година. Авантуристите, чиишто имиња не се објавени, веќе уплатиле солидни депозити за вселенската тура.

Раководството на приватната фирма планира да прати и астронаути до Меѓународната вселенска станица за потребите на НАСА до средината на 2018-та година.