Игран филм

ДНЕВНИК НА РУМОТ

Понеделник (15.01.2018) 20:40

САД, 2011

Режија: Брус Робинсон
Улоги: Џони Деп, Мајкл Рисполи, Џовани Рибиси, Амбер Хард
Жанр: комедија/драма

Приказна за американскиот новелист и новинар Пол Кемп, кој прифаќа работа како хонорарец во Порторико, работејќи за пропаднати новинари во периодот меѓу 50-тите и 60-тите години на минатиот век. Тој пронаоѓа баланс меѓу културата на островот и странците кои живеат таму, а се спријателува и со изгубени души кои работат за исти весници. Пол почнува да соработува со еден „матен” бизнисмен во чија девојка веднаш се заљубува. Следуваат ексцентрични, урнебесни и неповрзани сцени со Џони Деп, кој одлично го отсликува збунетиот Пол Кемп, параноичен до бескрај и пијан новелист, кој се наоѓа во целосно непозната средина.