Игран филм

ДОЈАВУВАЧ

Понеделник (10.07.2017) 20:15

САД, 2010

Режија: Лариса Кондрацки
Улоги: Рејчел Вајз, Моника Белучи, Ванеса Редгрејв, Дејвид Стратерн
Жанр: драма

Филмот се заснова на вистинска приказна и на книгата на Кетрин Болковац, полицаец од Небраска, која служела во мировните сили во поствоена Босна. За време на мисијата, како припадник на полициските сили ангажирани од Обединетите нации, таа доаѓа до сознанија за трговија со луѓе во која учествуваат локалните криминални босови. Но, не само тие, туку и високорангирани припадници на меѓународните сили. По цена на сопствениот живот, и опасните и ризични околности, таа е цврсто решена да ги обелодени сите валкани актери и групи.