Игран филм

СОВРШЕНИ СТРАНЦИ

Недела (26.03.2017) 22:00

Италија, 2016

Режија: Паоло Џеновезе
Улоги: Џузепе Батистон, Ана Фољета, Паоло Џеновезе, Паола Мамини

Дали доволно добро ги познаваме своите блиски пријатели и можеме ли да ги насетиме нивните тајни? За време на една вечера, седуммина пријатели убедени дека немаат никакви тајни меѓу себе, решаваат да играат една опасна игра. Секој од нив мора да го стави мобилниот телефон на маса, и сите пораки и повици стануваат јавни. Тие се обидуваат да докажат дека нема што да скријат едни од други, и наивната игра се претвора во нешто сосема друго. Скокотливите пораки се доволен показател колку всушност малку знаат за своите партнери и пријатели, со што сериозно се нарушува дотогашната пријатна атмосфера.