Игран филм

КНИГА ЗА ЏУНГЛАТА

Сабота (15.07.2017) 08:15

САД, 1994

Режија: Стефен Сомерс
Улоги: Џејсон Скот Ли, Кери Елвејс, Лена Хеди
Жанр: семеен/ авантура

Топла и забавна приказна за момчето Могли за кого уште од бебе се грижат волци. Растејќи со младенчињата на волците, длабоко, во опасните џунгли на Индија, Могли израснува во момче подготвено да се фати во костец со сите опасности што демнат во џунглата. Неговиот свет е исполнет со многу убави моменти што ги дели со другите животни. Но сепак, од темнината, уште од самиот почеток, демне и неговиот смртен непријател- шир кан, крвожеден тигар убиец. Но, еден ден животот на Могли преку ноќ  ќе се промени. Сите опасности и сè што научил од своето семејство на волци нема да бидат доволни да го подготват за средбата со суштеството коешто никогаш претходно не го сретнал- човекот!