Барселона со неверојатен финиш стигна до четвртфиналето на ЛШ

09.03.2017 08:11

Барселона имаше водство од 3:0 со головите на Луис Суарез (3.минута), Курзава (автогол – 40.минута), Лионел Меси (50.минута – пенал). Потоа Едисон Кавани за ПСЖ постигна гол во 62.минута, а во фуриозниот финиш Барселона постигна уште три голови: Нејмар 88 и 90+1 минута (пенал) и Серхио Роберто во 90+5.минута.

Фудбалерите на Барселона успеаја да направат подвиг откако во реванш осминафиналето од Лигата на шампионите синоќа успеаја да ја надополнат негативата од 0:4 од првиот дуел со ПСЖ и со победа од 6:1 на „Камп Ноу“ да се пласираат во следната рунда.

Барселона имаше водство од 3:0 со головите на Луис Суарез (3.минута), Курзава (автогол – 40.минута), Лионел Меси (50.минута – пенал). Потоа Едисон Кавани за ПСЖ постигна гол во 62.минута, а во фуриозниот финиш Барселона постигна уште три голови: Нејмар 88 и 90+1 минута (пенал) и Серхио Роберто во 90+5.минута.

На вториот дуел одигран синоќа Борусија Дортмунд ја совлада Бенфика со 4:0 и ја анулира предноста на ривалот од првиот дуел од 1:0.  Хет-трик за Борусија постигна Пиер-Емерик Обамејанг, а стрелец на четвртиот гол беше Кристијан Пулишиќ.

Пласман во четвртфиналето досега имаат обезбедено: Реал Мадрид, Баерн, Борусија Дортмунд и Барселона.

Другите четири реванш осминафинални дуели се играат на 14.март: Јувентус – Порто (2:0 прв натпревар), Лестер – Севиља (1:2) и на 15.март: Атлетико Мадрид – Баер Леверкузен (4:2) и Монако – Манчестер Сити (3:5).