Кошарка

Јорданчо Давитков нов селектор на Македонија

10.03.2017 21:39

54-годишниот Давитков по вторпат ќе биде селектор откако во периодот од 2001-ва до 2007-ма ја однесе нашата репрезентација од Б во А дивизијата.

Јорданчо Давитков ќе ја има обврската да ја врати кошаркарската репрезентација на Македонија во европската елита. 54-годишниот Давитков по вторпат ќе биде селектор откако во периодот од 2001-ва до 2007-ма ја однесе нашата репрезентација од Б во А дивизијата.

По повеќегодишното успешно искуство во Кувајт, Давитков ја прифати понудата на коашаркарската федерација на македонија.

Составувањето на селекцијата, напорната работа и враќањето на амтомсферата се првите задачи коишто ги потенцираше Давитков кој не сака да дава сензационални ветувања, но верува дека реализицијата на овие цели ќе донесе резултат.