„Говорна мана“ премиерно во МНТ

13.03.2017 15:53

В среда во Македонскиот народен театар премиерно ќе биде прикажана претставата „Говорна мана“ од Горан Марковиќ, а во режија на Драгана Милошевски – Попова. Главните улоги ги играат актерите Игор Џамбазов , Сашка Димитровска и Ивица Димитријевиќ.

„Говорна мана“ е приказна која се одвива во театар, во гримиорната на еден актер, кој е на крајот од својата кариера. Тој ги затвора очите пред општествената и политичката реалност  сѐ дури околностите не го натераат на спротивното. Претставата на српскиот режисер Горан Марковиќ отвора прашања и теми за тоа каков театар очекуваме, сакаме и имаме потреба да видиме, вели режисерката на претставата, Драгана Милошевски.

На малата сцена на МНТ одблиску ќе го запознаете главниот лик, Мишел Радински кој го игра актерот Игор Џамбазов. Другите улоги ги толкуваат Сашка Димитроска и Ивица Димитријевиќ. Актерската екипа вели дека ликовите ги чувствуваат многу блиски затоа што приказната се одвива во театар.

„Говорна мана“ премиерно ќе биде прикажана в среда на малата сцена на Македонскиот народен театар.

 

Викторија Милевска