Фудбал - репрезентација на Македонија до 21 година

Две селекции со иста цел - успех

14.03.2017 16:07

16 млади фудбалери ќе ја проверуваат моменталната форма во натпреварот со Бугарија во Скопје на 28 март. Седумина од нив ќе бидат дел и од сениорската репрезентација за мундијалскиот клвалификациски дуел со Лихтенштајн.

Слатки маки по пласманот на репрезентација на Македонија за фудбалери до 21 година на Европското првенство, две селекции со слична цел, староседелците да одиграат квалитетен континентален шампионат, новата генерација да се пласира на следното првенство. Поради тоа на двата контролни меча месецов, Македонија ќе настапи со комплетно различни состави. 

16 млади фудбалери ќе ја проверуваат моменталната форма во натпреварот со Бугарија во Скопје на 28 март. Седумина од нив ќе бидат дел и од сениорската репрезентација за мундијалскиот клвалификациски дуел со Лихтенштајн. Тоа е тимот што обезбеди учество и е основата на Македонија којашто во јуни ќе дебитира на големите настани. Уште 4 - 5 фудбалери ќе треба во меѓувреме да докажат дека заслужуваат да патувааат во Полска. 

Претходно, пак, 24-ца јуниори кои од различни причини не беа дел од декемврискиот селективен камп, ќе имаат можност против Црна Гора на 24 март исто така на комплексот на ФФМ, да му докажат на селекторот Благоја Милевски дека имаат потенцијал и талнет да бидат дел од репрезентацијата којашто во септември ќе ги почне квалификациите за Европското во 2019-та година во Италија.

„Не чека нова работа, со нова генерација и нема да биде клише ако кажам дека со контролниот натпревар против Црна Гора за нас почнуваат циклусот за следното Европско првенство особено што за мене нема разлика меѓу пријателски или дуели коишто се играат за бодови“, изјави Милевски на прес конференцијата на којашто ги објави фудбалерите кои ќе настапат на двата меча.