Европскиот Парламент загрижен за состојбата во Македонија

16.03.2017 10:38

Стравувам дека засега работите се движат повеќе во негативен, отколку во позитивен правец. Најлошата работа што може да се случи во мултинационална држава е конфликтите од политичка природа да се пренесат на меѓуетничките односи, вели за МТВ Иво Вајгл, известувачот на Европскиот парламент за Македонија. Непримерна е и платформата од друга држава, вели тој.

Известувачот за Македонија при Европскиот парламент Иво Вајгл за Македонската радио телевизија не крие дека во Европскиот парламент владее загриженост за развојот на ситуацијата на Балканот, во што се подразбира и Македонија. Во таа прилика тој објаснува дека одлуката за одложување на гласањето за резолуцијата за Македонија била донесена заеднички и дека  таа е логична одлука.

„Всушност целиот извештај ја базира македонската европска иднина на тоа да се надмине политичката криза и да се воспсотави легална власт, Тоа сега не е направено и логично конференцијата  на претседтаелите на ЕП одлучи да расправата се одложи се додека не се расчисти ситуацијата во Македонија“, изјави Вајгл.

Вајгл притоа вели редовно добива информации од Македонија по различни канали, а редовно ги следел и македонските медиуми, а за развојот на ситуацијата во земјата оценува:

„Стравувам дека засега работите се движат повеќе негативно отколку позитивно. Најлошата работа што можи да се случи во една мултунационална држава е да конфликтите од политичка природа се пренесат на меѓуетничките односи. Изгледа дека токму тоа сега се случува. Мислам дека почетокот на таа приказна е состанокот во Тирана, кој е непримерен. Тоа го реков кога премиер на соседна држава повика претставници на политички партии да се договараат за владина програма. Тој како чин вреди да се осуди, но тоа не е доволно голема причина за да не се создаде владата и да се продлабочуваат меѓиетничките конфикти. Тоа не е добро и штетно е за интересите на Македонија како држава.“

Словенечкиот европратеник открива дека тој заедно со другите европратеници задолжени за Македонија, Ховит  и Кукан ќе имаат работен  состанок заедно со комесарот Хан, на кој ќе се договорат за тоа што можат да направат за да ѝ помогнат на Македонија.

Од Стразбур, Иво Вајгл како надлежен за Македонија во ЕП ја испраќа следната порака:

„Мислам дека во Македонија во овој момент најважно е да се смири политичкиот говор, да меѓусебните обвинувања се стават под контрола, да се зголеми свеста дека членството во ЕУ и НАТО е најважен национален проект во кој секој има свој дел на одговорнос т и секој може да даде корсиен придонес. Тоа е најважно  од сите други мотиви кои денес ја оптеретуваат македонската политика“- нагласува Вајгл.

Тони Гламчевски, постојан дописник од Стразбур за МРТ