Два лета неделно Скопје- Минхен со „Еуровингс“

17.03.2017 13:34

Се работи за компанија што е дел од групацијата „Луфтханза“, а на оваа линија ќе оперира два пати неделно, во вторник и во петок, од 31-ви октомври годинава.

„ТАВ Македонија“ потврди- германската нискобуџетна авиокомпанија „Еуровингс“ од крајот на октомври почнува да лета на релација Скопје- Минхен, односно од аеродромот „Александар Велики“ до „Франц Јозеф Штраус“.

Се работи за компанија што е дел од групацијата „Луфтханза“, а на оваа линија ќе оперира два пати неделно, во вторник и во петок, од 31-ви октомври годинава.

„Македонските граѓани и сите наши патници од регионот ќе добијат дополнителна врска со Михнен, како и нови можности за европски и интерконтинентални конекции, благодарение на договорот меѓу Луфтханза и Еуровингс“, велат од „ТАВ Македонија“.

Германците, пак, велат дека Скопје ќе стане една од нивните 150 дестинации, и очекуваат и да инвестираат во Македонија во Регионот.

Во првите два месеца од годинава, бројот на патници во авиосообраќајот е зголемен за 9 проценти.