Шулц ги осуди евроскептицизмот и реториката на Трамп

20.03.2017 10:20

На партиската конвенција во Берлин, на која беше потврдена неговата кандидатура за канцелар на Германија, Шулц ги осуди евроскептицозмот, но и според него „антидемократската и расистичка реторика“ на новиот американски претседател Доналд Трамп.

Кандидатот за германски канцелар на Социјалдемократската партија на Германија (СПД) Мартин Шулц изјави дека ќе се бори против популизмот доколку неговата партија победи на парламентарните избори во земјата закажани за септември.

На партиската конвенција во Берлин, на која беше потврдена неговата кандидатура за канцелар на Германија, Шулц ги осуди евроскептицозмот, но и според него „антидемократската и расистичка реторика“ на новиот американски претседател Доналд Трамп.

Тој беше единствен кандидат и на Конвенцијата освои 100 отсто од гласовите на делегатите, што е прв таков случај во политичката историја на поствоена Германија. Шулц говореше и за состојбите во германското општество, осудувајќи го зголемувањето на јазот меѓу работниците и богатите Германци.

Социјалдемократската партија е помалиот партнер во германската владина коалиција која управува со земјата од 2013 година.