Исплатата на субвенците ќе продолжи деновиве

20.03.2017 10:30

Според Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ), Антикорупциската комисија веќе даде позитивно мислење за реализација на финансиската поддршка, средствата се обезбедени, преостанува уште Златков да го депонира потписот во Централен регистар.

Исплатата на субвенциите се очекува да продолжи оваа недела, откако денеска новоназначениот директор на Платежната агенција Игор Златков и официјално ќе стапи на функцијата.

Според Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ), Антикорупциската комисија веќе даде позитивно мислење за реализација на финансиската поддршка, средствата се обезбедени, преостанува уште Златков да го депонира потписот во Централен регистар.

И производителите потврдија дека добиле ваква информација од МЗШВ поради што, велат, средбата што требаше да се одржи денеска со ресорниот министер Михаил Цветков, е одложена.

По завршување на процедурите за депонирање на потписот на новиот директор на Платежната агенција во Централен регистар, очекуваме деновие да почне исплатата на субвенциите, информираат од МЗШВ.