Двајца полицајци повредени во судирите во Париз

20.03.2017 10:57

Мирниот марш, организиран од здруженијата за борба против расизмот во Франција, организацијата за човекови права и синдикатите, заврши со скршени стакла, солзавец и молотови коктели.

Двајца полицајци се повредени во судирите со демонстрантите во Париз кои протестираа против полициското насилство.

Мирниот марш, организиран од здруженијата за борба против расизмот во Франција, организацијата за човекови права и синдикатите, заврши со скршени стакла, солзавец и молотови коктели.

Во француската престолнина со недели се протестира во знак за поддршка на 22-годишниот Тео со африканско потекло кој беше сексуално малтретиран  од страна на полицијата.