„Кодфест тек Фестивал“ од 7-ми до 9-ти април во Охрид

20.03.2017 12:35

Тимови на Фондот за иновации и технолошки развој ќе одржат работилница како да се подготват поквалитетни предлог проекти за четвртиот повик со кој се доделуваат 1.450.000 евра, со кои ќе може да се поддржат 25 претпријатија.

Дваесет и седум тима ќе учествуваат на 32 часовен технолошки натпревар во развивање технолошки идеи во рамки на „Кодфест тек фестивал“. Ќе учествуваат околу 400 учесници, пред кои ќе говорат реномирани технолошки и бизнис експерти од САД, Велика Британија, Шпанија, Данска и Македонија. Ќе се претстават 15 стартапи.

Тимови на Фондот за иновации и технолошки развој ќе одржат работилница како да се подготват поквалитетни предлог проекти за четвртиот повик со кој се доделуваат 1.450.000 евра, со кои ќе може да се поддржат 25 претпријатија.

Компаниите имаат можност да добијат до 100.000 евра. Се надеваме дека овие работилници ќе помогнат и ќе генерираат добри идеи и квалитетни  проекти од кои Фондот ќе има можност да избере  и понатаму во  текот на годината да ги финансира, изјави директорката Фондот за иновации и технолошки развој Јасмина Поповска.

Фестивалот ќе се одржи од 7-ми до 9-ти април во Охрид, а ќе се одвива под мотото „Славење на иновациите во технологииите“.