Коблер: Што поскоро да се формира влада

20.03.2017 12:49

Се надевам дека наскоро ќе дојде до создавање на нова влада. Во секоја смисла, за една земја не е добро кога формирање на влада трае многу долго, тоа има влијание на сите институции во целата земја, вели австриската амбасадорка во земјава...

Во Македонија што поскоро треба да се формира влада, рече австриската амбасадорка во земјава, Ренате Коблер.

„Се надевам дека наскоро ќе дојде до создавање на нова влада. Во секоја смисла, за една земја не е добро кога формирање на влада трае многу долго, тоа има влијание на сите институции во целата земја. Денес сме ние тука во една македонска институција, како пријатели, и наскоро се надевам дека ќе почнат да фунцкионираат институциите- владата, собранието, институциите на локално ниво, бидејќи тоа го заслужуваат граѓаните на оваа земја“, изјави австриската амбасадорка, Коблер.

Таа не сакаше да ја коментира посетата на еврокомесарот Јоханес Хан.