Шефовите на ФБИ и НСА ќе сведочат за можна вмешаност на Русија во изборите во САД

20.03.2017 12:56

Изјави ќе дадат и за тврдењето на новиот шеф во Белата куќа за прислушување од страна на неговиот претходник Барак Обама.

Директорот на ФБИ Џејмс Коми и шефот на Агенцијата за национална безбедност Мајкл Роџерс ќе сведочат пред конгресот за можна поврзаност меѓу Русија и претседателската кампања на Доналд Трамп.

Изјави ќе дадат и за тврдењето на новиот шеф во Белата куќа за прислушување од страна на неговиот претходник Барак Обама.

Разузнавачките агенции ги обвинија руските хакери за упад во електронските пошти на демократскиот табор по наредба на Владимир Путин.

Официјална Москва негира вмешаност.