Германските власти му се заканија на Ердоган со прекин на преговорите за ЕУ-интеграција

20.03.2017 13:30

Според Ретген, оваа реформа ја оддалечува Турција од либералната демократија.

Претседателот на Парламентарната комисија за надворешна политика во Германија, Норберт Ретген, го предупреди турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган дека ќе запрат преговорите за приклучување во ЕУ доколку биде воведен претседателски систем.

Според Ретген, оваа реформа ја оддалечува Турција од либералната демократија. Во однос на споредбите со нацизмот, тој се воздржа од коментари.