Спогодба за одбрана меѓу Британија и Германија откако ќе почне процесот за „Брегзит“

20.03.2017 14:18

Соработката ќе вклучува заеднички активности во областа на кибернетичката безбедност, обуки и морски патроли.

Британија и Германија планираат нова спогодба за одбрана, откако Лондон ќе почне со процесот за „Брегзит“. Соработката ќе вклучува заеднички активности во областа на кибернетичката безбедност, обуки и морски патроли.

Двете земји прават обиди да докажат дека Лондон ќе продолжи да се грижи за европската безбедност и дека тврдењата на Трамп дека европските партнери на НАТО се потпираат на САД се неосновани.