Хан нема да се сретне со претставници на граѓанското општество

20.03.2017 14:24

Тој утре, заедно со тројката европратеници, Иво Вајгл, Едвард Кукан и Кнут Флекенштај, доаѓа во Македонија во обид да се најде излез од политичката криза. Предвидени се средби со претседателот Иванов и парламентарните партии.

„Ситуацијата во Западен Балкан е кревка. Трајно решение е можно само во меѓународни рамки, иднината на Балканот е во Европската унија“- вели еврокомесарот Јоханес Хан во интервју за виенскиот весник „Курир“.

Тој утре, заедно со тројката европратеници, Иво Вајгл, Едвард Кукан и Кнут Флекенштај, доаѓа во Македонија во обид да се најде излез од политичката криза. Предвидени се средби со претседателот Иванов и парламентарните партии.

И покрај тоа што претставниците на иницијативата „За заедничка Македонија“ побараа средба со него, Брисел потврди дека не се предвидени состаноци со претставници на граѓанското општество.

Како што веќе реков во петокот, Хан ќе се сретне со политичките претставници. Вистина е дека има и други барања и често кога тој патува во земјата, ние се обидуваме да се сретнеме со што е можно повеќе соговорници, вклучително и со такви од граѓанското општество. Но, овојпат комесарот ќе се сретне само со политичките претставници, бидејќи неговата агенда не дозволува повеќе, истакна портпаролката Коцијанчич.