Град Скопје финалист за наградата на Европската недела на мобилност

20.03.2017 16:09

Престижната награда која се доделува во Брисел има за цел да им оддаде признание на локалните власти кои вложуваат напри за промовирање на одржливиот урбан транспорт.

Градот Скопје влезе во најтесниот избор за нагарадата на Европската недела на мобилност 2016 заедно со градовите Лисабон и Малме. Според Европската комисија, Скопје се истакнува со својата долгороцна визија за одржливи начини на превоз, напредок во обезбедувањето подобри транспортни услуги, како и посветеност на проектот „Сподели возило“, кој на граѓаните ќе им овозможи да го споделат своето возило со другите, притоа да заштедат пари, но пред сѐ да ја заститат животната средина.

Престижната награда која се доделува во Брисел има за цел да им оддаде признание на локалните власти кои вложуваат напри за промовирање на одржливиот урбан транспорт.

Конкуренцијата беше голема. Поднесени беа 63 апликации од 23 држави. Европската комисија одвои 10 кандидати, но Скопје се избори за да биде дел од трите финалисти.

Освен транспортните услуги, како критериуми се земаат и урбано уреднените јавни површини, а кои градот Скопје изминатава година може да ги издвои: плоштадот пред црквата Пресвета Богородица, новиот парк до булеварот „Февруарски поход“, дооформување на паркот „Македонија 2“ и плоштадот „Филип втори“ многу други. Кој ќе биде добитникот на наградта ќе се знае вечрва, но да се биде меѓу првите три секако е огромен успех.

 

Марина Стојанова- Тонева, постојан дописник од Брисел за МРТ