„Авантурите на Аладин“ на сцената на МНТ

20.03.2017 16:24

„Авантурите на Аладин“ премиерно во Македонскиот Народен Театар. Претставата в среда ќе се игра на големата сцена. Режисерот и актерската екипа најавуваат спектакл.

„Авантурите на Аладин“, приказна за победата на љубовта, за победата над алчноста и злобата. Приказна за простувањето и потребата да се верува дека во секој човек лежи скриен добротвор, скриен пријател, безусловен почитувач и сродна душа, вели режисерот Трифуновски.

За актерите кои ги играат Аладин и принцезата Џасмин, претставата е прекрасна и безвременска бајка, обоена со љубов којашто ги урива сите препреки и победува.

Актерот Сашко Коцев смета дека воведувањето претстави за деца е значајно за Македонскиот народен театар.

„Авантурите на Аладин“ во адаптација, драматизација и режија на Бојан Трифуновски  ќе биде на големата сцена на Македонскиот народен театар, премиерно на 22-ри март, в среда и со прва реприза на 29-ти март од 19 часот.

 

Ана Јосифоска- Тодоровска